Екипата од ТВ серијата „Преспав“ е подготвена за новогодишната прослава.
Дел од она што го подготвуваат за гледачите го објавија на ЈуТјуб. Јелена од Драчево и рецепционерот Талат направија своја урнебесна изведба на популарната песна „Ајде“ од српската пејачка Теа Таировиќ.
„Ајде, ајде дур сме млади! Ноќва нека гори Балкан! Доаѓа саксафонот…“ Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ. 31.12 во 21 часот на МРТ1. Нек` гори Балкан, порачуваат од екипата на „Преспав“.
Новогодишната програма може да ја следите на МРТ со почеток во 21 часот.