Весна Ѓогани на својот TikTok профил објави дека починал најверниот четвороножен член на семејството.
Имено, Весна Ѓогани објави дека нивното кученце починало по 16 години заедничко живеење со нив, а тоа тешко го поднело целото семејство.
„Пред 4 години ми рекоа дека за таа дијагноза, нема лек. А јас се надевав и променив сè! И доби бонус од четири години. Реков, ќе бидеме заедно до последен здив“ – напишала Весна во описот на видеото.
@vesnadjoganiRekli su mi pre 4g da je to to, da nema leka. A ja sam se nadala i promenila sve!!! I dobila bonus četiri godine.🥺 Rekla sam do poslednjeg daha…💔
„Планирам нов член на семејството. Домашно милениче, куче. Доволни се две деца. Многу сум емотивна и поминуваме низ тежок период, син ми завршува осмо одделение, ќерка ми е прво, па тешко ми паѓа нивното брзо раснење“, изјави пејачката.
Фото: Принтскрин К1 и Курир