Никола Сариќ – Сајко се прослави со учеството во „Операција триумф“ заедно со нашиот Александар Белов во 2008 година. Уште тогаш важеше за еден од најголемите млади заводници, а многумина му предвидуваа голема кариера.
Тинејџерките го обожаваа , а тој ја напушти „Операција триумф“ за време на десеттата гала вечер, кога Вукашин Брајиќ доби поголем број гласови.
Во јавноста се опишуваше како многу талентиран за музика, но од друга страна беше многу тврдоглав кога станува збор за неговиот професионален развој. Неговото семејство беше пресреќно кога тој учествуваше на музичкото натпреварување, но потоа дојде шокот за нив кога Сајко се пријави за учество во реалното шоу „Фарма“.
Откако го напуштил имотот во ова ријалити, Никола извесен период се занимавал со музика, а отворил и угостителски објект.
Инаку, Никола во 2018 година се ожени со својата професорка Милица Церовиќ, која ја запозна за време на натпреварот. Љубовта меѓу нив се родила додека подготвувале кореографии за шоуто. Многумина веруваа дека нивната љубов нема да успее да опстои бидејќи Милица е десет години постара од Никола.
Денес Никола вака изгледа: