Нeкогашната водителка на најгледаниот ТВ магазин – „Бекстејџ“, манекенката, модел и мисица Анѓела Јакимовска, со уште една нова професија?! Сите остаанаа зачудени откако ја видоа новата фотосесија на долгоногата убавица, прашувајќи се дали тоа водителката се преквалификувала во автоинструкторка!?
Ако е така, таа дефинитивно ќе биде најзгодната во Македонија, а автошколата во која ќе обучува свои кандидати за возачи ќе мора да се прошири. Анѓела самата докажа дека ја бидува откако покрај своите атрибути ги покажа и своите авто знаења и способности.
Новата година е на прагот, па редно е и во просториите за теоретска настава и обука да се накити елката. А кој друг , а не таа како највисока, облечена како секси баба мразица или поточно, како секси автоинструкторка го стори тоа и ја укарси просторијата.
Сега покрај картата со сообраќајни знаци, прописи и правила, среде училница високо, елката им стои, а покрај неа и згодната и атрактивна убавица, во црвено мини фустанче, како секси дадамразица!
Сите што имаат возачка дозвола знаат дека теоријата е едно, а праксата нешто сосема друго, па затоа сексапилната убавица со автомобилот излезе на улица. Или поточно на непознат патен правец, за да покаже дека и зад воланот не е странец!
Откако го паркираше автомобилот за обука на возачи, штом ја отвори вратата, а долгите нозе уште не стапнати на асфалтот, јасно беше колку е саатот.
Убавицата во истиот новогодишен секси аутфит, со убаво спакувано пригодно подароче в раце…
Како сладок новогодишен колач, изненадување за најдобриот и најсовесен возач.
Потоа уште една шармантна насмевка во заводлива поза и назад во автомобилот, за атрактивната автоинструкторка како секси дадамразица лично да го врачи подарокот.
Пред да замине, долгоногата убавица секако ќе ви намигне, за да ви стане појсно дека сето ова е само уште една (пред)новогодишна бајка… Само фикција во вид на рекламна приказна со фотосесија за една интересна професија, без која денес нашата стварност би била во сообраќаен хаос кој би предизвикал опшата опасност.
Патем, и автоинструкторките не ги бираат по изглед со атрибути како мисицата, туку според знањето, умеењето и вредноста… Во спротивно, наместо да ја зголемат, би ја загрозиле безбедноста.
А вие…? Ако случајно качите во автомобилот ваква расна, долгонога убавица на совозачкото седиште, послушајте го советот, даден од безбедносно гледиште: Држте го го цврсто воланот и не спуштај го погледот од шофершајбната, надолу кон менувачот и рачната!
Брзините ионака се менуваат на невидено и често, освен ако раката не ви тргне “случајно“ сама… на погрешно место!
Фото: инстаграм принтскрин/angjelajakimovska