Остануваат уште неколку дена до крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година.
Се чувствува новогодишната еуфорија, а познатите веќе ги покажаа новогодишните елки и новогодишниот амбиент во домот.
Многумина предпразничниот период и зимските температури ги искористија да заминат некаде на зимување во некој зимски центар.
Шеф Марк од „Брза кујна“ и неговата сопруга Василка за предновогодишен одмор одбраа дестинација од потоплите краишта. Имено, Марк и Василка заминаа на Малдивите.
Готвачот на социјалните мрежи редовно објавува фотографии и покажа како ужива на одмор.
Прво објави фотографија на која парот нурка под вода…
Тука е и објавата на плажа на која популарната двојка прави срце со рацете..
Марк и Василка уживаа во празничното расположние и ги полнат батериите новата година да ја дочекаат со убава енергија.
Тој објави и фотографија со Василка позираат на лулашки која се наоѓа во вода.
Насмеани, расположени, одморени, двојката ужива во заедничкото време.
За потсетување, кон крајот на јуни, Марк и Василка официјално запловија во брачните води.
фото: фејсбук/марк де јонг