Прашината што се крена околу книгата на Михајло Максимовиќ „Многуте лица на Марија Магдалена“ се’ уште не стивнува. Иако најпознатиот балкански макро не откри ниту едно вистинско име во својата книга, клопчето почна да се расплетува.
„Елена од неговиот роман е наводно, најпознатата водителка од националната телевизија. Атрактивната црнка, која во книгата ја нарекува „умница“ бидејќи завршила два факултети и совршено зборува три или четири јазици, работела како проститутка уште пред да го запознае. За нејзиното семејство и пријателите да не се посомневаат што работи, таа не посетувала ноќни клубови и не го привлекувала вниманието на јавноста. Тогаш имала јасна цел – да стане ТВ водителка, во што преку своите врските и помогнал Максимовиќ.
Првите пари ги заработила од клиент кога на постар маж, кого го запознала чекајќи такси, му одговорила на поканата да се видат со зборовите:
„Да, но мојата љубов чини пари“. Втотиот клиент го запознала во бар. Потоа се обидела таа работа да ја работи во Дубаи, каде за семејството била на службено патување, но брзо се вратила во Србија, а потоа влегла во светот на Михајло.
„Елена беше многу посветена на својата работа и во текот на првата година од работата во компанијата околу неа се создаде круг на клиенти кои беа богати, сериозни и успешни луѓе. Стана нивна постојана девојка, не ја сменија. Омилен клиент и бил еден познат политичар“ – открива во книгата Максимовиќ.
Како што опишал, политичарот никогаш не си се јавувал да закаже средба со Елена, секогаш му се јавувал на својот возач. На првиот состанок, возачот му рекол на Михајло дека политичарот „повремено сака добро друштво, но дека има еден услов – девојката никому да не го кажува неговото име“. Се гледала со овој моќен човек една ипол година. Така се почестила со нов автомобил. Го заменила „голфот“ со „ауди“ четворка, иако Михајло бил убеден дека автомобилот и го купил политичарот, но тој за тоа никогаш не ја прашал.