Пејачката испратила официјален допис до сите судови во кои води разни спорови дека повеќе не се презива Којиќ, туку Вучковиќ.
Хрватската музичка ѕвезда Северина Којиќ неодамна дефинитивно го избриша малиот Кеба, како што го нарекуваат нејзиниот доскорешен сопруг Игор од својот живот. Имено, како што дознава извор, поранешната снаа на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба испратила официјален допис до сите судови во кои води разни спорови повеќе да не се презива Којиќ, туку Вучковиќ.
– Северина и Игор се разведоа во август по шест години брак и неколку месеци медиумите пишуваа дека пејачката не е во добри односи со семејството Којиќ, чие презиме очигледно едвај чекаше да го смени. Пејачката тогаш за медиумите тврдеше дека се работи за спогодбен развод, кој се случил буквално пет дена откако парот го поднел своето барање. Заедничкиот адвокат му ги предал документите на судот, а тие заедно ги потпишале и истакнале дека немаат што да додадат – вели информиран извор и посочува:
– Пејачката горе-долу побрзала да го врати презимето на сите официјални документи бидејќи повеќе не сакала ништо со Којиќ. Неодамна испратила допис до судовите во кои се водат нејзините спорови за да не и биде веќе истото презимето.