Радио Милева хорор настап

Маја Николиќ раскажа бизарна случка од еден заеднички настап со Џеј: „Додека пеевме, човек пред нас ни почина во публика, газдите не ни даваа да прекинеме“ (ФОТО)

Маја Николиќ раскажа бизарна случка од еден заеднички настап со Џеј: „Додека пеевме, човек пред нас ни почина во публика, газдите не ни даваа да прекинеме“ (ФОТО)

Маја Николиќ во една емисија откри дека во текот на кариерата доживеала разни случки, меѓу кои и неколку бизарни, од кои најбизарната е секако онаа кога еден маж во публиката починал додека таа пеела. Пејачката се присети кога пред десет години настапувала со однеодамна покојниот Џеј Рамадановски додека пред неа лежел мртов човек.

„Со Џеј и неговиот кум Руле гостувавме во Германија, каде што среде настап еден човек падна и почина пред нас. Беше во толку лоша состојба, дали од дрога или од алкохол, не знам, но падна и почина додека бевме на сцена. Никој не реагираше затоа што сите други беа пијани . Обезбедувањето го изнесе телото како ништо да не било, а ние моравме и понатаму да пееме како ништо фда не се случило, бидејќи газдите не беа заинтересирани да реагираат и не сакаа да ја прекинат програмата и да го испразнат локалот,  наводно за да не трпат гостите“ – се присети Маја.

To top