Како што гласеа и најавите за неговиот настап, балканскиот романтичар, кршачот на женски срца, неодоливиот шармер и една од најголемите музички ѕвезди во регионот, единствениот Владо Георгиев викендов навистина направи незаборавна предновогодишна “afterwork” концертна журка во живо во „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје.
Локалот беше претесен да ги прими сите заинтересирани, зашто резервациите беа продадени уште првиот ден пред од објавата дека тој ќе гостува во Скопје. Држејќи до себе и своето музичко реноме, нивото на звукот, светлосните и видео ефекти, воопшто целиот аудио-визуелен перформанс беше на концертно ниво, како да настапува во голема сала, а интимната атмосфера и топлината на просторот направи ѕвездата буквално да се сплоти со својата публика, во која како и секогаш предничеа преставничките на понежниот пол.
Уште со првите звуци на неговото пијанино и шестчелениот придружен бенд, беше јасно дека тоа ќе биде ноќ за паметење. Забавата која траеше цели два часа, као што почна, така и заврши…
Забава на каква еднаш се присуствува, а долго се памети и раскажува, концерт на кој во еден глас се пееја најголемите хитови на големиот хитмејкер: „Анѓеле“, „Једина“, „Збогом љубави“, „Жена без имена“, „Живим да те наѓем“, „Хеј ти“, „Искрено“…
После секоја песна овации, аплаузи, женски вресоци, експлозија од емоции… Нешто што се доживува на малку настапи , но и на малку места, особено во македонската престолнина, а новотоворениот „Дежа Ву – Ист Гејт“ покажа дека е како создаден простор за такви нешта. Беспрекорно подготвени за големи настани, спектакуларни настапи на најголемите македонски, но и балкански музички ѕвезди, чии гостувања допрва следуваат.
Владо Георгиев беше еден од првите кои го обои просторот во атрактивнот скопски локал со љубовна магија, со емотивен набој, но и опуштена атмосфера и забава, која на сите нас, последниве месеци, па и години, толку многу ни недостасува.
Човекот за кого се бараше место повеќе, на чија музика се љуби, пее, плаче, пие, радува… Но, како што самиот настап покажа, најмногу, одлично се забавува.
Како што и самиот назив на локалот кажува, навидум „веќе доживеано“, а всушност сосема ново и незаборавно искуство… Нешто, за што Скопје и неговата, особено млада популација, во последно време е повеќе од „гладна“. А „Дежа Ву“ покажа дека е ново одредиште за пријатна дружба и добра забава со разновидна, но одбрана, квалитетна и содржајна програма!
View this post on Instagram