Остануваат уште само неколку дена до 31 декември и до Нова година.
Ова можеби е најубавиот период од годината, време кога се собираат семејствата, пријателите, роднините, кога владее празнична атмосфера, новогодишна еуфорија, период кога домовите се украсени со новогодишни украси и елка.
Некои од познатите веќе ги сумираа впечатоците од изминатите 12 месеци, а и оваа година ја одбележа пандемијата со коронавирусот која се уште трае, а некои од јавните личности ја изгубија битката со болеста на 21иот век.
За водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска, изминатата година беше и работна и имаше време за шетање. Надвор од работните обврски на нејзината емисија, Елена заедно со нејзиниот партнер успеа и да прошета и да ги наполни батериите.
Како што наближуваат празниците, познатите го покажаа новогодишниот амбиент во домот.Домот на Стефановска за време на новогодишните празници наликува на бајка.
Елката е богато украсена со новогодишни украси, лампиони, сијалички….
Тука се и новогодишните и останатите новогодишни украси, декорации кои го дополнуваат амбиентот и му даваат посебна амтосфера.
Нема сомнеж дека Стефановска внимавала на секој детаљ.
Во видеото подолу погледнете како изгледа новогодишниот амбиент во домот на водителката.
View this post on Instagram
фото: принтскрин/инстаграм/еленаживотсостил