Популарниот хрватски пејач Златан Стипшиќ Џибони се најде на мета на критики кога во јавност се појави фотографија на која се гледа како пејачот гази по храна додека настапува.
-Знам дека изгледа лошо и немам никакво оправдување. Жал ми е. Се извинувам ако навредив некој. И ако заслужив да се пишува за тоа, нека се пишува. Ги разбирам луѓето и нивните реакции кога ќе видат тие фотографии.Тоа што се случи не беше намерно. Кога се качив на масата не очекував дека ќе има храна, изјави Џибони за „Јутарњи лист“.
Имено, се случи на една прослава во Загреб на која присуствуваа многу јавни личности од хрватската сцена, а потегот на Џибони ја налути хрватската јавност.
фото: принтскрин/инстаграм/тиа.мамиќ/е сток/Стефан Филиповиќ/принтскрин/прва.рс