Иако календарски веќе е зима и владеат ниски температури, надвор се уште немаме снежна покривка или барем не на пониските места.
Оние кои се љубители на зимата и снегот, ја подготвија зимската опрема, куферите и заминаа некаде на зимување.
А бидејќи скијањето како спорт не е за секого, само оние најхрабрите се качија на скии и се впуштија во зимските игри и предности кои ги носи ова годишно време.
Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба месец декември секоја година го резервира за да замине некаде на одмор и да ужива во зимските лудории.
Така беше и овојпат кога Лоба ги зема скиите и замина да ужива во скијањето.Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави неколку фотографии и покажа како ужива.
Имено, таа објави фотографија на која е качена на скии и се впушти во скијањето на Копаоник.
Викторија објави и „Инстаграм стори“ и покажа како изгледаат нејзините зимски утра односно покажа каков поглед има.
И да врне и да вее и бура да коси, тоа за Лоба ништо не е, таа знае како да ужива и на ниски температури.
фото: принтскрин/инстаграм/викторија лоба