Радио Милева полни батерии на плажа

Татјана Лазаревска во декември во бикини: За фолк пејачката нема зима, ужива во животот во Австралија (фото)

Татјана Лазаревска во декември во бикини: За фолк пејачката нема зима, ужива во животот во Австралија (фото)

Австралиските времиња се спротивни од оние во северната хемисфера, односно од декември до февруари е лето, од март до мај е есен, од јуни до август е зима и од септември до ноември е пролет.

Додека кај нас владеат ниски температури, па капутите, зимските јакни, ракавиците се нашето секојдневие, во Австралија владее лето.

Естрадната фолк двојка Новица Василевски и Татјана Лазаревска заедно со своите два сина, веќе неколку години живеат во Австралија каде моментално владеат високи температури.

Како ужива во топлите денови на плажа покажа Татјана која реши на своите следбеници на социјалните мрежи да им покаже провокативни фотографии на кои позира во бикини.

Според објавите Татјана ужива во своја кожа и тоа е она што е најважно.

Инаку, Татјана и Новица често се активни на социјалните мрежи и покажуваат како го поминуваат времето, а често знаат да се вклучат во живо и да запејат македонски песни.

фото: принтскрин/инстаграм/татјана лазаревска

To top