Мегафон

„Тропико бенд“ гости во новото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО)

„Тропико бенд“ гости во новото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО)

Во новото премиерно издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“  само неколку часа пред нивниот голем скопски концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во сабота на 28 април, гости ќе бидат Сале и Жути од „Тропико бенд“.

За успешната музичка но и животна епопеја од Лесковац до Белград, за свирките од  кафулиња и сплавови, до клубови, дискотеки и големи концертни сали, за желбата да се стане танчер, а да се заврши како пејач, за фолклорот и попот, за персоналните измени во бендот, за првата песна испеана во шифоњер со ќебе на глава, за соработката со најголемите српски композитори и дуетите со најпознатите балкански ѕвезди како Џенан Лончаревиќ, Ацо Пејовиќ, Цеца…, за непроспиените ноќи и работата во „трета смена“, за спектаклот во белградска „Арена“, за тоа како Сале пее македонски песни, за приватниот живот и семејството, за сето она што не сте го знаеле, а отсекогаш сте сакале да го дознаете за вашите идоли… Екслузивно и премиерно, в сабота, на 28 април, од 14.35 часот на ТВ 24… „Тропико бенд“ на „исповед“ кај Бојана Скендеровски во „Улица Македонија“!

To top