Пејачката Рада Манојловиќ предизвика вистински хаос во медиумите кога за време на пандемијата со коронавирусот која се уште трае изнесе неколку свои ставови околу вакцинирањето.
Имено, за време на гостувањето во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“ проговори за своите изјави и зошто во последно време не е често во медиумите.
-Рада има и јазик и мозок. Луѓето се изненадени бидејќи имам такви ставови бидејќи во некои емисии не можам да ги кажам своите ставови, секогаш се некои естрадни теми. Немаш прилика да го кажеш својот став на пример за вонземјанците. Јас секогаш внимавам што зборувам, ме учеа дека луѓето се моја публика, но дојдовме во ситуација сите овие случувања да ни влијат на нас, па на некои работи треба да се даде коментар, изјави Рада.
Пејачката истакна дека не сакала никој да навреди со своите ставови.
-Секогаш зборувам во свое име, се трудам да бидам субјективна и да не дозволам некој да ме нападне, јас само го кажав своето мислење, изјави Рада и проговори за својот колега Милан Станковиќ кој има слични ставови како неа.
-Милан ги снесува последиците откако е во јавниот свет. Јас молчев целата претходна година. Многу лошо се чувствувам што некој мора да ме легитимира за да влезам некаде. Јас се бунам дека бидејќи е докажано дека сите го пренесуваме вирусот. Не доживеав некоја непријатност поради своите ставови, изјави Рада.
фото: ртв пинк