Песната “Green Forces” со која штo детската група “Дајте музика” настапи на годинешната детска Евровизија претставувајќи ја Македонија, заврши на деветото место. На изборот за најдобра детска песна настапија вкупно 19 учесници, нашите претставниви настапија претпоследни.
Македонија најголем број поени доби од Албанија, вкупно 12. Додека македонското жири своите гласови ги подели и тоа на Бугарија(1), Ерменија (2), Азербејџан (3), Малта (4) Полска (5), Франција (6), Србија(7),Грузија (8), Албанија (10) и Русија (12).
Количината на поени што публиката ги додели одговара на количината на поени кои ги дава националното жири. Оваа година жирито додели вкупно 1.102 поени (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10, 12 поени x 19 земји учеснички). Поените на публиката се одредија според процентот на добиени онлајн гласови. На пример, ако некоја песна добила 20% од гласовите, тогаш таа добива 20% од достапните поени – поточно 20% од вкупно 1.102 поени, односно добива 220 поени од публиката.
Македонските претставници на изборот за најдобра песна на детската Евровизија имаа одличен настап. Понудивме пакет од модерна, хит песна, светска продукција, сигурен настап на децата со увежбана кореографија, солидна вокална изведба, тинејџерски имиџ… Се’ што треба еден претставник да поседува на сцената за достојно да ја претстави својата земја, децата од „Дајте музика“ го имаа.
Гласањето и пласманот се друга приказна, која како и кај Евросонгот за возрасни, многу малку или речиси воопшто нема допирни точки со музиката. Многу повеќе е стратегија, лобирање, логистика… а најмногу политика… Во која очигледно ние „не играме“ значајна улога за Европа ниту на главниот, ниту на детскиот Евросонг.
Сепак она што е најважно е впечатокот. Кристина, Анастасија, Миха и Филип – децата од „Дајте музика“ оставија повеќе од силен. Имаа убедлив, достоинствен, сигурен, величествен, модерен настап и такава песна која ја компонираше Роберт Билбилов (музика и аранжман), додека Робин Зимбаков го напиша текстот. Она другото, што е наше – ќе си дојде… Порано или подоцна!
Инаку обедник на годинешниов детски Евросонг е Ерменија која до последен момент, до последните гласови водеше трка со Франција, но на крајот славеа Ерменците, односно нивната млада преставничка „Малена”.
Погледнете го уште една одличниот настап на нашите претставници, на кои Македонија е горда: