Пејачката Емина Јаховиќ во февруари соопшти дека се разведува од Мустафа Сандал, по што избегнуваше јавно да зборува за приватниот живот. Емина одлучи сега дека е време да ја отвори душата за јавноста и откри дека со Мустафа е во пријателски односи.
-Семејството не се сруши, иако повеќе не сме заедно. Ќе бидеме добри пријатели, бидејќи тој пред се е добар човек. Една другарка ми кажа:„ Не го бирај човекот за кој ќе се омажиш, туку оној од кого ќе се разведеш“, вели емина во емисијата „Ексклузивно“, алудирајќи на тоа дека избрала човек со кој по разводот може да остане во добри односи.
Пејачката проговори и за наводите кои се пишуваа дека е во афера со Марко Мишковиќ, со кој како што се пишуваше ја обновила комуникацијата по разводот со Мустафа.
-Тоа е небулоза и глупост за ковекот кој не сум го видела десет години. Бев многу вознемирена за таа приказна. Немам што да кажам на таа тема. Ме изнервира многу. Не е убаво ниту мене, а ни нему да ни се прави таков имиџ, особено што тој има свој брак, вели пејачка.