Бугарските фолк пејачки се појавија на заеднички календар. Фолкерките од „Пајнер продукција“ очекувано понудија нова провокација. Сепак, ова е прва година пејачките да не се толку голи иако претпочитаат поскромна облека. Традиционално, се води и битка за нивната локација по месеци, како што фолкерите се натпреваруваат која ќе пее последна на заеднички концерт. Во овој случај, војната е која ќе биде лицето на првиот месец – јануари, бидејќи позицијата е една од двете престижни.
Овој пат за јануари таа се бореше со Анелија – едно од старите и докажани имиња во музичката индустрија. Изненадувачки, таа не покажува тело, туку фотографирана е само нејзината глава. Другата врвна позиција е август, каде е Преслава – место каде што успеа да се избори со вечнната ривалка Галена. Таа беше изненадувачки објавена во март, кој не е меѓу омилените месеци на фолкерките. Исто така малку неочекувано, декември го доби Јулија, која е популарно име, но не е меѓу врвните пејачки на „Паинер“.
Поп-фолк примадоната Глорија го краси јули, додека Џена блескаше во април. Ииако некои од пејачките се доволно облечени, има и такви што не се срамат да ја откријат својата голотија. Арија, која е девојка на фудбалскиот репрезентативец Георги Јомов, го краси февруари во црни гаќички.
Диона е позиционирана во мај, облечена само во долна облека, но веднаш остава впечаток дека кадарот е направен пред поранешната раперка да стави силикони. Многу месо, тетоважи и женски облини има во септември со Теди Александрова, а и со Јаница во ноември. Веројатно за да ги загреат фановите со нивната телесна топлина во студените есенски вечери.
Во споредба со минатата година, Емилија и Галин отпаднаа од топ имињата. Се шпекулира дека пејачката е бремена, зашто таа просто исчезна во последните месеци, а пејачот моментално е повеќе продуцент на млади имиња и главно се занимава со оваа дејност, па нема време за клупски настапи. И оваа година календарот од 12 страници е во црно-бели нијанси за да изгледа стилски, објасни музичката компанија, пишува „Бугарија денес“.