Актерот Крис Нот или познат како Ѕверка од „Сексот и градот“ во последните денови се соочува со обвинувања дека силувал две девојки.
Девојките кои во јавност се појавија под псеведонимите Зои и Лили го обвинуваат актерот дека пред многу ги принудувал на интимни односи, пренесува „Холивуд репортер“.
Наводно, првиот чин се случил во 2014 година, а вториот во 2015 година. Се случувало кога девојките на негов повик доаѓале во неговиот стан. Првата ја поканил во неговиот дом во Лос Анџелес, а втората на неговиот имот во Њујрок.
Едната жена истакна дека на првата среда таа имала 22 години, а актерот 49, пренесува „Дејли Мејли“.
-Ми се доближи во ресторан и почна да флертува. Не знам како го најде мојот број и ми праќаше гласовни пораки, изјави таа за медиумите.
Таа објасни дека отишла до неговиот стан за да му врати книга, но кога влегла во станот, актерот почнал да ја бакнува, ја однел до креветот и ја соблекол.
Вели дека искуството било многу трауматично.
Беше многу болно, му викав да не продолжува, но не сакаше, изјави жената.
Актерот ги отфрли овие обвинувања за сексуалното злоставување, но за медиумите потврди дека со некои жени имал „договорени средби“.
фото: епа/профимедиа