Еден од најдобрите и најхаризматичните кандидати и единствениот македонски победник (2017) во „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Ристе Ристески по паузата во настапите и јавните појавувања што ја направи заради корона пандемијата, се враќа на сцената.
Ристе веќ ги објави своите настапи за наовогодишните празници, а настапот за најлудата ноќ се’ уште го чува во тајност иако најави дека наскоро ќе објави каде ќе ја дочека со свој настап Новата 2022 година.
А, ако е Нова Година и атмосферата мора да биде новогодишна, па затоа пејачот се погрижи празнично да го украси свој дом и дворот.
Елката се подразбира дека мора да биде накитена, особено ако истата е во бела боја, па на неа се’ мора беспрекорно да светка, блеска, трепка и сјае…
И на крајот најважниот од сите украси, ѕвездата на врвот, која делото го краси!
Но Ристе не го украсувал домот сам, туку во китењето и новогодишната декорација му помагале оние од помладата генерација. Неговите две помали сестри Aнастасија и Марија кои со пејачот се партнери во се, па и во украсување и китење.
Особено постарата од нив, која му помогна на брат и’ новогодишните украси, лампиони и светилки да ги распоредат не само во домот, туку и во дворот.
Од божиќното венче на влезната врата, преку сијаличките на оградата што ги дели со нивнит соседи…
…До зимзелените дрвореди од туји, што блеснаа во ноќта, кои ја покажаа сета моќ и магија на предновогодишната и божиќна атмосфера.
Откако убаво се’ украсија и направија божиќниот дух и празничната магија да влезат во дворот и куќата на младата „Гранд ѕвезда“, Ристе и семејството продолжија да ездат на брановите на нивната семејна хармонија, во која со најубави желби ќе ја дочекаат Новата 2022 година.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/riste_risteski