Британскиот принц Хари и Меган Маркл ќе се венчаат на 19-ти мај, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нивниот дом.
Откако ги спакува своите работи од станот во Торонто каде ги помина изминатите седум години, Меган живее во Лондон и го започна уредувањето на новиот дом каде ќе живее со сопругот.
Како што се наведува во објавата на Бекингамската палата, двојката ќе живее во куќа која го носи името „Нотингем Котиџ“, а се наоѓа на имотот на Бекингамската палата.
https://www.youtube.com/watch?v=5bKo3JTzdq4
Во истата таа куќа принцот Хари живее сам последните четири години, а логично се покажа тоа дека таму ќе ја донесе својата избраничка.
https://www.youtube.com/watch?v=HvLFWDiF-7c
Станува збор за куќа на два спрата, а внатрешноста на домот се уште е недостапен за поглед на јавноста, но се претпоставува дека е уреден во стар англиски стил.