Радио Милева одмазда од љубомора...?

Случајно или намерно, сепак бизарно: Пејачката Катарина Живковиќ си го вшмукала домашното милениче!

Случајно или намерно, сепак бизарно: Пејачката Катарина Живковиќ си го вшмукала домашното милениче!

Пејачката Катарина Каќа Живковиќ гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ заедно со нејзината колешка и пријателка Кија Коцкар.

Пријателките во таа прилика ја играа играта „вистина или лага“, во која Каќа раскажа неверојатна анегдота од периодот на растење.

„Тоа ми се случи многу оддамна, но е тажна приказна. Го вшмукав папагалот. Случајно, а можеби и малку и намерно“ – изјави Живковиќ.

Таа приказна е вистинита! Ми личи на тебе, рече Кија.

„Папагалот преживеа“ – рече Каќа, додека Кија се прашувала: „Како го преживеал тоа… како се случи да го вшмукаш со правосмукалка“?

„Јас сум единица и со самото тоа сум многу приврзана за моите родители. Еден ден тие решија дома да купат папагал, и одеднаш во куќата само се зборуваше за него. Папагалот, па папагалот…“ – рече пејачката и додаде:

„До кога веќе? Каде сум тука јас? – се запрашав и  отидов кај него. До душа, само сакав да го заплашам, но ете… случајно го вшмукав со цревото од правосмукалката“ –  рече пејачката низ смеа.

Фото: Инстаграм принтскрин/katarina_zivkovic_official

 

To top