Холивудскиот актер Бен Афлек призна дека се чувствувал „заробено“ во бракот со Џенифер Гарнер и тоа била една од причините за неговиот алкохолизам.
Актерот зборуваше за 10 годишниот брак со Џемифер Гарнер и откри дека се труделе да го одржат, но не успеале.
-Најверојатно ќе завршевме така што еден на друг ќе си ставивме нож под грло. Да останавме заедно најверојатно ќе продолжив да пиeв, изјави актерот кој во 2018 година заминал на рехабилитација поради алкохолизам.
По 10 години брак, Бен Афлек и Џинфер Гарнер се разведоа во јуни 2015 година.
-Една од причините поради кои почнав да пијам е бидејќи се чувствував заробено во тој брак. Си помислив – „Не можам да си одам поради децата, но не сум среќен, што да правам? Тогаш се напив виски и заспав,а тоа се покажа како лошо решение, призна Афлек и додава:
-Ние се обидувавме и обидувавме бидејќи имавме деца, но двајцата сфативме дека не сакаме нашиот однос да им биде модел на брак во кој нашите деца ќе веруваат.
Тој призна дека се колебал да ја обнови љубовта со поранешната свршеница Џенифер Лопез и дека двапати размислувал дали се впушти во такво нешто и дали тоа ќе влијае на неговите деца.
-Мојата одговорност кон децата е мојата најголема одговорност. Не сакам да направам нешто што за нив ќе биде болно или диструктивно. Мојот живот влијае на нив. Нивната мајка и јас сме јавни личности, тоа е тешко. Тоа е крст кој треба да го носат, изјави Бен.
фото: епа/Мике Нелсон/епа-ефе/давид свансон/тањуг ап