Пејачката Сека Алексиќ за новогодишните празници секогаш знае да го украси својот дом до најмал детаљ, но сега се одлучи за поразлична декорација.
Кога станува за новогодишното украсување, Сека ги следи светските трендови, па така оваа година во нејзиниот дом нема да има Дедо Мраз кој виси на прозорец, ни плишани мечиња, ниту пак впечатливи детали.
Главен украс со кој е накитена елката е „пампасот“.
Покрај елката наместо Дедо Мраз има голема жирафа. Влезот исто така е украсен со „пампас“ и џиџуња во златна боја.
Нема сомнеж дека нејзините синови ќе уживаат во новогодишната еуфорија.
фото: Инстаграм/сека алексиќ