Радио Милева желба, пакетче и играчка...

Македонската фолкерка ја накити елката па си посака желба, ама не Дедо Мраз да и ја исполни, туку некој помлад… и попотентен! (ФОТО)

Македонската фолкерка ја накити елката па си посака желба, ама не Дедо Мраз да и ја исполни, туку некој помлад… и попотентен! (ФОТО)

Нова Година е на прагот, време кога се делат подароци, замислуваат желби, посакува исполнување на неисполнетоте сништа… А ги имаат сите. И децата и возрасните… Децата ќе поминат со играчка или пакетче, а кај возрасните е малку поинаку, посложено… Тие се позахтевни, желбите пообемни, а исполнувањето покомплицирано. Сепак не е ништо невозможно, ако силно посакаш.

Затоа македонска фолкерка Ирена Вељовска најпрвин си ја накити елката, па онака раскомотена во домашен амбиент, го грабна Дедо Мраз, го изгушка, па му се довери и исповеда, што сака да добие, каква желба има за Нова Година.

За да му биде појасно, му ја покажа елкичка направена на ноктот и она што го краси нејзиниот врв: мал „дијамантски“ циркон, па му порача: „Е со ваков дијамант сакам да ми биде вереничкиот прстен со кој ќе ме запросат“!

Дедо Мраз пак, како најдобриот дедо на светот, внимателно и трпеливо ја сослуша, па и вети дека желбата ќе и биде исполнета.

До душа, тешко дека самиот тој ќе може да и ја исполни, ама затоа вети дека ќе се потруди да и испрати некој многу помлад, покомпетентен и попотентен што ќе и биде по мерка на русокосата фолкерка.

Откако жива среќна, задоволно му намигна, Ирена тргна да го отвори пакетчето што Дедо Мраз и го остави под елката пред да си замине.

За случајно да не сакал уште сега да ја изненади, па во него да го најде  она што го очекува… Или евентуално некоја замена во вид на „играчка за возрасни“, во случај „принцот на белиот коњ“ да закасни!

Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska

 

 

To top