Девојката на Андрија Милошевиќ, актерката Александра Томиќ се огласи по написите дека е хоспитализирана поради ризична бременост како што пишуваа српските медиуми.
Имено, Александра се огласи на својот „Инстаграм“ и откри дека била само на преглед.
-Немој да ми ги плашите пријателите и роднините. Немам ризична бременост, ниту сум хоспитализирана, дојдов само да направам некои анализи, напиша Александра.
фото: инстаграм/александра томиќ