Пејачката Гоца Тржан без влакна на јазикот ги искритикува колегите и колешките кои користат фотошоп и филтери.
Гоца ја прокоментира и водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет.
-Јас не можам да се кријам од светот. Може да ме видите на Ада, на пазар, во продавница. Јас не можам да ги убедам луѓето дека сум позгодна од тоа што сум. Гледам многу колеги кои не објавуваат фотографии ни видеа пред да ги фотошопират. Многу е страшно кога од себе правиш нешто што неси и опасно е кога ќе почнеш да веруваш во лажна слика за себе, изјави Гоца во „Ѕвездите на Гранд Специјал“.
Како што вели никогаш не ги криела своите години и недостатоци и се трудела секоја жена да ја освести и да биде пријател.
На ова тема се надоврза и новинарката Весна Милановиќ која објасни дека јавните личности знаат да се најдат на мета на критики бидејќи на телевизија изгледаат подебело.
-Еве да речеме Сања Кужет изгледа презгодно, но за мој вкус е премногу слаба, а на телевизија изгледа совршено бидејќи камерата додава 8 килограми. Но, Сања е божанствена, преубава жена, изјави Тржан.
фото: Инстаграм/сања кужет/гоца тржан