Радио Милева фолк светица

Сани Гроздановска е „фолк икона“: Ја чуваат како грофица, ја сакаат како светица! (ФОТО)

Сани Гроздановска е „фолк икона“: Ја чуваат како грофица, ја сакаат како светица! (ФОТО)

Сања Сани Гроздановска низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕведа. Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм и нескротлив сексапил, Сани е некрунисана кралица на забавата во ноќните локали, клубови и кафеани. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи…

Атрактивната кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа дури и не мора лично да ја познавате. Доволно да сте и пријател само на социјалните мрежи, каде нема ден да мине, а Сани да не ве насмее, расположи, а Бога ми и наежи…

Од шеги, расната фолкерка најмногу ги преферира оние на своја сметка. Во тоа е и нејзината големина, во која предничат: Физички  – „бујната предница на цицлестата убавица“, карактерно – непосредноста и искреноста!

Кога е тивка пак, најмногу е гласна. Бидете убедени дека Сани „вреска“ и кога најмногу молчи.

И навистина, нека не ве изненадаува… Зашто на Сани веќе во следниот момент може нешто да и падне на ум, нешто што кога ќе и текне… Подобро да не и текнува!

Ама затоа на сексапилната кумановака им текнува на нејзините обожаватели. Оние кои ја сакаат, почитуваат, знаат како заедно со неа да се забавуваат, на настапите и свирките и доаѓаат, со неа пеат, пијат, плачат, играат, се веселат или тагуваат, во зависност кому каква му е вечерта, среќата во љубовта, емотивната состојба, кому колку срцето му трепери, му се радува или тагува душата…?!

За нив Сани Гроздановска е повеќе од фолк певица, за нив таа е нивна фолк светица… Така ја доживуваат, па таква фотографија и споделуваат… Тие со неа, таа со сите останати преку социјалните мрежи.

„Света Сани боемска, фолк Гроздановска“ – заштитничка на микрофонот, бакшишот и заводливоста. Така стои во описот на необичната фотографија, на која пејачката е прикажана како фолк икона. Монтажа која ја направил некој од нејзините обожаватели, кои Сани исто толку си ги обожава!

Конечно, кај Сани ништо не е случајно, па ниту новиот прекар: „Фолк икона“ која  ја чуваат како грофица, а ја обожаваат како светица!

Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

 

 

 

To top