Зимската сезона е во полн ек, шаловите, зимските јакни, капутите во овој период се нашите најчести модни комбинации.
Додека некои се радуваат на топлото, сончево време и едвај чекаат да дојдат топлите месеци, други уживаат во зимскиот период и едвај чекаат да се радуваат на снежните лудории.
Неодамна падна и првиот снег во Македонија, па целата држава беше во снежна идила.
Maкедонската водителка Елена Стефановска или позната како Елена – Живот со стил живее и таков живот. И да врне и да вее и бура да коси, за Елена тоа ништо не е, таа знае со секое годишно време знае да се носи.
Водителката секогаш кога има прилика ужива во егзотични патувања и на својот „Инстаграм“ често знае да сподели фотографии од нејзините чести одмори кои наликуваат на разгледница.
Ни ниските температури, ни облачното време, ни снегот, не ја спречуваат Елена да се релаксира и да ужива. Ако за време на летниот период одеше во Турција, Хрватска, за зима како своја дестинација ја одбра Копаоник.
Имено, водителката на својот „Инстаграм“ објави серија од неколку фотографии на кои позира во снег.
Стефановска облечена во зимска опрема, односно црно бели пантално со бела јакна и капа на главата ужива во зимските лудории на Копаоник.
„Моето среќно место,“ напиша таа покрај објавата.
Дефинитивно Елена знае како да ги наполни батериите и во зима и како да ужива во овој период од годината.
фото: Инстаграм/елена живот со стил