Тања Савиќ важи за еден од најдобрите вокали во регионот и кога сите и предвидуваа успешна кариера, таа се омажи и се посвети на семејството.
Меѓутоа, пејачката се врати на музичката сцена и сега настапува повеќе од кога и да било.
Така, изминатиот викенд таа настапуваше во Гевгелија и направи атмосфера до плафон.
Тања за ова прилика облече црно – сива комбинација, но со нејзините стари и нови песни направи вистинска забава.
Кога ја понесе атмосферата, пејачката се симна и меѓу публиката.
Тања на својот настап се одлучи да ги изненади присутните со пеење на македонската песна „Македонско девојче“.
Tanja Savic ja pee Makedonsko devojche pic.twitter.com/u6GswZTuLK
— Курир (@KurirMK) December 12, 2021
фото: принтскрин/инстаграм