Радио Милева моден тренд или женски мамец?

Фолкерката Адријана „Кеш“ само има ист вкус или и иста тактика за ловење машки срца како колешката Марија Луиса Тодоровска? (ФОТО)

Фолкерката Адријана „Кеш“ само има ист вкус или и иста тактика за ловење машки срца како колешката Марија Луиса Тодоровска? (ФОТО)

Периодот во деновите пред  Нова Година секогаш бил „плоден за жетва“ на пејачите. Можност за добра заработка на мноштвото предновогодишни забави, прослави, веселби…  и покрај лошите услови и долгата „естрадна суша“ што ги создаде коронапандемијата. Рестораните, кафеаните, клубовите, дискотеките работат со полна пареа и намален капицетат заради протоколите, што не значи дека пејачите не пејат, а газдите не жнеат… Ако не сега кога, зашто по Нова Година, одново следува период на „тишина“.

Една од оние кои константно имаат тезга е и македонската фолкерка Адријана Ацевска, попозната како Адријана „Кеш“. Токму во духот на својот прекар, атрактивната пејачка како и останатите, во периодорт пред Нова Година ја „билда“ својата заработка со редовни настапи по кафеани и ноќни клубови во Скопје, Македонија, а понекогаш и надвор од неа.

Адријана позната по своите трансформации, физикус, визура, шминка, фризура, гардероба… Стокмена од раменици до петици, распеана, насмеана, секогаш изгледа топ. А ако е топ, мора да пука… Од сексапил. Така е секогаш, така и овој пат, при еде од нејзините последни настапи во еден од најпознатите скопски ресторани.

Адријана облечена во тесно припиено за телото, црно мини фустанче над колена, со шлиц до колкови од страна, исшнирано со врвки кои смело го откриваат голото тело на фолкерката.

Нешто налик на она што неодамна го носеше нејзината колешка, Марија Луиса Тодоровска со која пате во последно време во неколку наврати и заедно настапуваат. Моделчето како и вкусот за облекување ист или многу сличен, само бојата различна… Ама дали и намената или поточно намерата?

Имено,  Марија Луиса неодамна вака облечена на настап покрај сиот сексапил што зрачи од неа, ги  „заскокотка“ машките мечти ставајќи ги во дилема и недоумица што поединци ќе ги мачи довека, дали тоа битолската фолкерка дошла на настап без долна облека?

Марија Луиса Тодоровска најде начин како да и тргне во љубовта: Битолската фолкерка на настап без долна облека? (ФОТО)

И додека примерот со  битолската фолкерка се уште е свеж, Адриана Кеш ја репризираше ситуацијата, ставајќи ги и сопствените обожаватели и следбеници во истата дилема: Дали само така фиктивно изгледа или фактички, на вакво моделче не одат гаќички?

Дали кај двете македонски фолкерки сличноста во облекувањето е сосема случајна или моделот има иста намена со однапред смислена намера? За ловење машки срца по проверен рецепт! Или сето тоа е само плод на машката фантазија која пејачките многу добро знаат како да ја разбрануваат по стариот добар принцип: „Колку повеќе ги палиш, толку подебел бакшиш“!?

Фото: Инстаграм принтскрин/adrijana.acevska/ luisa.todorovska/

 

 

 

 

 

 

To top