Голманот на бугарскиот прволигаш Левски и репрезентацијата, Николај Михаилов, неодамна откри детали за неговиот личен живот.
„Во Бугарија сигурно повеќе сум омразен отколку сакан“, признава Ники. Ме сакаат само навивачите на „Левски“ и тоа ми е доволно. Свесен сум дека човечката злоба е голема. Оддамна не сум платил данок на јавното мислење“ – вели Михаилов кому многумина му завидуваат во животот и заради убавицата која ја има крај себе.
Имено, негова љубовна партнерка е расната бугарска мисица и модел Николета Лозанова со која бугарскиот голман се забавува. Особено го благословуваат навивачите на „Левски“ кои потенцираат дека Ники секогаш и во секое време знае да ја стави својата рака на вистинското место… И тоа го прави често. Не само кога се одбраните меѓу стативите во прашање, туку и приватниот живот.
Без оглед дали се работи за споделување на романтика или чиста еротика, Николај правовремено, рефлексно реагира…
И кога го брани својот гол и кога го милува понежниот пол.
Професионална деформација или вродено чувство за правовремена реакција, прашајте го него… Или подобро, Николета… Таа во секој случај „цвета“… од задоволство и среќа.
Фото: Инстаграм принтскрин/niki_mihaylov13