Мими Јовановска од Велес публиката ја памети по нејзиното учество во „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Мими се пријави во музичкото шоу и со својот глас ги воодушеви жирито и публиката. Сепак, македонското девојче немаше доволно среќа и испадна од популарното натпреварување.
На Мими можеби не и тргна во музичкото шоу, но и тргна во љубовта. Имено, кон крајот на летото таа кажа „да“ на својот партнер Филип Нуне.
Овие радосни вести тогаш ги сподели младата велешанка и го покажа свршеничкиот прстен.
Кажа „да“: Се сврши Мими Јовановска – ова е нејзиниот избраник (фото)
Остануваат повеќе од две недели до крајот на 2021-та година, а секој ќе ја памети по различни нешта, а цел свет ќе ја памети по пандемијата со коронавирусот која веќе трае две години.
Иако има време до 31 декември, некои од познатите ги покажаа домовите во новогодишно руво, а некои ги сумираа впечатоците од 2021 година.
Јовановска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави по што ќе ја памети изминатата година. Имено, таа објави својата омилена фотографија од 2021 година, односна објави фотка од свршеничкиот прстен.
Инаку, Мими и Филип се неколку години во врска, но пејачката ретко зборува за нејзиниот приватен живот.
фото: принтскрин/инстаграм/мими јовановска