Пејачката Наташа Малинкова како и сите нејзини колеги, колешки од музичката сцена изминатата година ипол беше на принудена „пауза“ поради пандемијата со коронавирусот која се уште трае и никако да заврши.
Познатите овој период го искористија за да се посветат на себеси и работите кои не можеа да ги прават поради полната агенда со настапи, концерти, ангажмани.
Дамите повеќе се посветија на себе и на доведување на својата линија до совршенство, започнаа со здрав начин на исхрана, редовно вежбање..Меѓу нив се Тамара Тодевска, Бубе Јаневска, Антониа Гиговска кои изгледаат подобро од кога и да било.
Малинкова е активна на социјалните мрежи, но не е од оние кои постојано „висат“ и нон стоп да објавуваат фотографии од секојдневието. Таа има витка линија која ја истакнува во разни модни комбинации.
Меѓутоа, физичката активност е важна не само за добра линија и добар изглед, туку и за добро здравје или како што вели народната поговорка – „Во здраво тело, здрав дух“.
Овој пат, пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ објави видео на кое удира во боксерска вреќа и е вистинска ѕверка.
„Ова е време за акција и денот може да започне“, напиша како објаснување во објавата.
Потоа, Малинкова објави фотографија во спортска комбинација во салата каде тренира и откри дека и овојпат може да го заврши тренингот.
Само напред за овој неуморен дух полн со мотивација!
фото: Инстаграм/наташа малинкова