Радио Милева меѓусебна „хемија и физика“ или само музика?

Кристина Димитриевска „раскомотена“ на „интимна дужба“ со ДЈ Боно, кој прво ја гушкаше, па ја праша: „Имаш дечко“? (ФОТО)

Кристина Димитриевска „раскомотена“ на „интимна дужба“ со ДЈ Боно, кој прво ја гушкаше, па ја праша: „Имаш дечко“? (ФОТО)

На Кристина Димитриевска по неодамнешниот севте јавен музички настап во Велес, по се’ изгледа дека и тргна… Соработката со некои „нови деца“ од музичката Ди-Џеј  и (т)рап сцена очигледно полека и го трасира патото кон музичкиот успех. Ако ништо друго, барем поголем од оној што на музички план го имаше досега…

По  нејзиниот деби клубски настап со ДЈ Боно ( Бојан Илковски) и Тони и Алек на ред по се изгледа дојде и музичката соработка со некои од нив. Барем такви се најавите на Инстаграм профилот на атрактивната тетовчанка која објави нова тура фотографии, овој пат во друштво со споменатиот соработник.

Кристина и ДЈ Боно фотографирани прилично опуштени и „раскомотени“, онака „разгаќени“, на блиска средба во топла прегратка, во домашна атмосфера?!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

На прв поглед прилично романтично, а и загадочно: Од кога тоа мисицата и ДЈ-от преку ноќ станаа така блиски?

Директното интимно прашањето што ДЈ Боно јавно и го поставил на својата згодна пријателка дополнително ја заскокотка љубопитноста… Впрочем, како целата нивна интимна комуникација:

– „Имаш дечко“?

-„Ме остави после сликиве…“

-„Ќути, исто и јас“…

А кога две сродни души ќе се најдат на исто место, во исто време, па уште и со исти љубовни јадови, „меѓусебното тешење“ е неминовно… Ќе прерасне во интимно или ќе остане само работно…? Тоа е веќе прашања на „хемија“… и по малку физика! А можеби се’ ќе се сведе само на… музика!?

Бидете така или што би рекеле – Stay tuned и ќе видите!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

To top