Радио Милева „не сме играчки“

По написите дека Саша Поповиќ подготвил тестамент, се огласи и Сузана Јовановиќ и ја откри вистината

По написите дека Саша Поповиќ подготвил тестамент, се огласи и Сузана Јовановиќ и ја откри вистината

Српските медиуми неодамна пишуваа дека Саша Поповиќ подготвува тестамент.

-Сале се советуваше со својот адвокат и одлучи се да остави на својата сопруга Сузана. Таа од него е помлада 15 години, но најмногу има доверба во неа и е сигурна дека ќе успее да се снајде со имотот кој го поседуваат“, неодамна изјави извор и додаде:

– -Tој има доверба и во нивната ќерка, и во синот на Сузана кој го гледаше како свој. Сепак, одлучи се да препише на Сузана. Секако, тој не мисли дека му се ближи крајот, но свесен е во какво време живееме и е свесен дека треба да има тестамент, а Сузана се согласи со тоа.

По овој повод повод сега се огласи и сопругата на Саша, Сузана Јовановиќ.

-Добро што ме потсетивте. Тоа е расипана фантазија на некој. Дали е можно здрав човек да го прават болен и дека морал да напише тестамент? Луѓе мои, овде во прашање се игра на нечии емоции. Не сме ние играчки, и ние сме од крв и месо, вели пејачката.

Инаку, медиумите исто така пишуваа дека ова е последна сезона на Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“ и дњка по продажбата на продукцијата започнал со бизнис со недвижности.

фото: Весна Лалиќ/нова.рс/инстаграм/сузана јовановиќ

To top