Радио Милева наскоро

Кокошки паѓаат, Ула сака бебе, пансионот се распаѓа….Погледнете го тизерот за новата сезона на „Преспав“ (видео)

Кокошки паѓаат, Ула сака бебе, пансионот се распаѓа….Погледнете го тизерот за новата сезона на „Преспав“ (видео)

На 20 декември во 20:15 на МРТВ започнува шестата сезона на „Преспав“.

Инаку, Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петотто продолжение имаа незгода, односно пансионот се запали.

Новата сезона започнува за неколку дена, а продукцијата сега го објави првиот тизер за она што не очекува во шестото продолжение на најгледаната македонска серија.

Имено, во  трејлерот може да се види дека „Преспав“ е спасен од пожарот, но внатре се случува хаос.

Хотелот почнува да се распаѓа, кујната на Марио не функцинира, кокошки паѓаат во пансиониот, а Ула сака бебе со Коста, а тука и Мич кој ја организира играта „Преспански лигњи“.

Како што велат од продукцијата, во новата сезона ќе има многу хумор и изненадување со актерите.

Инаку, освен добро познатата екипа на актери, во петтата сезона на „Преспав“, имавме прилика да погледнеме 20 незаборавни епизоди во кои исто така имавме прилика и да видиме нови актери, како што се стилистката Натали, актерот Владо Јовановски, а во актерска улога се проба и Сара Мејс, меѓу сите нив се најде и манекенката Катарина Ивановска. Исто така доста впечатлива беше и улогата на актерката Драгана Левенска во епизодата „Отворен брак“.

Во видеото подолу погледнете го тризерот за шестата сезона на „Преспав“.

фото: принтскрин/јутуб/пансион преспав

To top