Бремената Ана Севиќ го напушти Белград и замина да ужива на Тара заедно со семејството односно сопругот и двете ќерки.
Ана повторно е бремена, па по две девојчиња сега очекува момче. Првото дете го доби од бракот со Дарко Лазиќ, ќерката Лорена, а второто девојче го доби со Даниел.
Тие објавија дека ќе станат родители, но овој пат очекуваат момче.
Пејачката на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во зимска опрема.
-Снежна магија. Најубава на свет – Тара, напиша Ана на Инстаграм.
За потсетување, Ана претходната година заплови во брачните води со Даниел. Во декември претходната година ја добија ќерката Сена, а наскоро нивното семејство ќе прошири за уште член.
фото: Дамир Дервишагиќ/инстаграм/ана севиќ