Ковид пандемијата сите економски не „отепа“ особено поедини професии како што е онаа – естрадната… Како и насекаде и во Македонија музичарите и естрадните уметници воопшто се жалат дека немаат настапи, недостасуваат тезги, за концерти и да не зборуваме. Се’ на се’, некако се живурка, ама едвај… Колку да не е без ич, колку да се преживее кризата до подобри времиња на кои светлата точка во тунелот никако да им се види, гледано и од здравствен и од економски аспект.
Арно ама, по се’ изгледа дека насекаде не е баш така. На другата страна од светот, на јужната хемисфера од земјината топка, на најјужниот континент Австралија, каде меѓу останатите живеат и работат многу Македонци, во ветената земја изгледа одново дојде живот. Особено за малкуте македонски естрадни уметници кои и таму го работат она што го работеле и дома: песна, забава, веселба само сега за сонародниците во дијаспората.
Меѓу најпознатите, иако најтазе дојдени во „земјата на кенгурите“, брачната фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски. Откако пред неполни десеттина години пристигнаа во Австралија, бргу се снајдоа и вклопија во тамошнта средина, па покрај останатото, почнаа да го работат она што најдобро го знаат и умеат- да пеат.
Бидејќи „добриот глас надалеку се слуша“, Татјана и Новица за кусо време станаа познати и многу барани кај тамошните нашинци кои ги канат да им ја развеселат атмосферата или комплетно направат забавата на разни прослави, празници, слави, свадби, семејни веселби… И работата на познатата фолк-пејачка брачна двојка и тргна. За Татјана и Новица дојде живот и во Австралија!
Било тоа да е празнична прослава, македонска свадба голема или дочек на Нова Година, очигледно ништо не може да мине без Татјана и Новица.
Еј ти куме море златен, во небрано ти си фатен, а ти свате не се срами, давај чичо, давај бре пари…
Очигледно со Татјана и Новица забавата е загарантирана, а македонската брачна двојка фолкери жнее долари!
View this post on Instagram
Како во случајов на последната македонска свадба каде Татјана на Новица, сватовите ја крунисаа во „бакшиш кралица“! Свирете ми свирачи, свирете ми до зори и јас со вас да пеам, долари да жнеам…
Свирете ми свирачи, а на главата круна од долари… И споделено видео како доказ дека на македонските фолкери, сонот им се оствари!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/tatjanalazarevska_official