Пејачот Александар Чветковиќ и неговата сопруга Јована Пајиќ одлучија да стават крај по 10 години брак.
-Во последните 2,3 години многу се одалечија. Очигледно дека исчезна љубовта и не беа пар како на почетокот. Се помалку се појавуваа заедно во јавност. Седнаа и се договорија да се разделат. Пред повеќе од еден месец, Јована се исели од станот, а со Сале се во секојдневен контакт, вели извор за Блиц.рс
За потсетување, Сале Тропико за курир.рс изјави дека заедничка е одлуката за развод.
-Како што кажа и Јована, точно е и нема никаков сензационалистички пристап бидејќи одлуката е само наша, како и што беше и одлуката за нашиот брак. Ви благодарам на разбирањето, изјави Сале.
Прва за разводот проговори и Јована.
-Вистина е дека и јас донесовме одлука да ставиме крај на бракот. Ќе останеме пријатели и ќе бидеме посветени во заедничко воспитување на децата. Разводот е во тек и поради мирно растење на децата ве молам да ни ја пружите потребната приватност, изјави Јована за блиц.рс
фото: Дамир Дервишагиќ/Драгана Удовичиќ