Гледачите покрај малите екрани имаат можност да ја гледаат на телевизија „Пинк“, а често се коментира дека е суров професионалец во професијата и дека е посветена на тоа што го работи. Токму таква е русокосата, во последно време мошне популарна ТВ водителка Душица Јаковљевиќ.
Малку се знае за приватниот живот на Душица и покрај тоа што таа е изложена на јавна работа.
Водителката беше мажена и има две деца од бракот со продуцентот Александар Миљуш – синот Огњен и ќерката Анѓела.
Познато е дека Александар и таа се запознале додека работеле заедно за продуцентската куќа „Емоушн“. Се родила љубов, па влегле во брак, а се разведоа во 2014 година. Во меѓувреме тој смени неколку работни места, но остана во сферата на продуцентсвото, а таа направи врвна ТВ водителска кариера.
Фото: Инстаграм принтскрин/dusicajakovljevic