Радио Милева спа романтика

Дарко – Спејко и неговата нова девојка Хрисанта имаа „влажен викенд“: Среде зима се спремаат за лето или за… нешто трето? (ФОТО)

Дарко – Спејко и неговата нова девојка Хрисанта имаа „влажен викенд“: Среде зима се спремаат за лето или за… нешто трето? (ФОТО)

По крајот на љубовнатароманса со струмичката модна блогерка Љупка Митрова, македонскиот ријалити учесник, машки модел, инфлуенсер, трапер, спортски директор… Дарко Петковски – Спејко долго ја криеше новата љубов.

Дури летово 2021-ва, срамежливо сподели една-две фотографии со нова убавица, за која први пишувавме дека е неговата нова девојка. Раскошна убавица, онаква какви што Спејко отсекогаш преферирал, со долги нозе, бујни атрибути и многу необично име –  Хрисанта!

Пробиштипјанка која која студира на универзитет во Благоевград – Бугарија. Висока, згодна, атрактивна, сексапилна, вистинска убавица каква што на спејко и му доликува… Се позачестените заеднички летни фотографии од различни дестинации само ја потврдија тезата дека Спејко во љубовниот живот повеќе нема „дупка“, зашто маркантната Хрисанта го завзема местото на Љупка!

Во меѓувреме Сејко се опроба самостојно во музиката, стама спортски директор на кошаркарски клуб од неговиот роден град, па дури проба да влезе и во политиката на последите локални избори…

Но, дека харизматичниот кумановец е во новата сериозна врска која се’ уште трае, малку кој знае, освен најблиските на вљубената двојка.

Потврда дека кумановецот и пробиштипјанката се еден во друг „зацопани до уши“, покажуваат најновите фотографии на двете сродни души… На нив Спејко со Хрисанта на „влажен викенд“, овој пат во најпознатото кумановско спа.

Топлата вода на убавиот спа центар покрај сите веќе добро познати предности е како создадена за романтика и споделување нежности во студените зимски денови.

И се разбира за неколку заеднички селфи фотографии пред  бањското огледалото, за да се покаже мускулестото тело во бели гаќички за капење кај него и сиот телесен раскош во танга леопард мини бикини кои ги истакнуваат бујните облини, кај неа.

Воденото освежување како надоплнување или можеби  само загревање за „влажниот љубовен викенд“ на вљубените гулапчиња. Впрочем, не попусто велат а фотографиите тоа најдобро го говорат, дека зад секоја среќна жена стои потентен маж и обратно…

За секој успешен маж заслужни се прегратките на згодна, убава и сексапилна жена…

Во секој случај, Дарко – Спејко и Хрисанта поминаа „влажен љубовен викенд“  заедно.

Дали навистина се спремаа за лето или за нешто трето… ќе покаже времето?!

Фото: Инстаграм принтскрин/spejko/hrisantam

 

 

To top