Радио Милева се гледа трудничкото стомаче

Наскоро ќе стане мајка: Ријана е бремена?

Наскоро ќе стане мајка: Ријана е бремена?

Светските медиуми барем еднаш во месецот пишуваат дека Робин Ријана Фенти е бремена. Меѓутоа, сега се зборува дека не е само шпекулација и дека една од најуспешните жени во светот ќе стане мајка во 2022 година.

Како што пишува „МТО News“ Ријана не можеше да го сокрие стомакот за време на нејзиниот одмор на Барбадоса каде што пред два дена беше прогласена за национална јунакиња.

На фотографијата од церемонијата јасно се гледа стомачето, а овој портал пишува дека трудничкото стомаче уште повеќе се забележало додека пејачката во маица влегувала во авион.

„Ријана е бремена, тоа е очигледно, многу сум среќен за неа, вели изворот за „МТО News“.

Друг извор тврди дека на вработените им било забрането да се пуши во просториите каде се движела Ријана.

Пејачката неколку пати изјави дека сака да стане мајка.

-Ќе имам деца, три или четири, изјави таа во една прилика.

Таа не ја ни исклучи можноста да биде самохран родител ако не најде партнер.

фото:  Arthur Edwards/News Licensing/Profimedia

 

To top