Саша Поповиќ одлучил да го напушти „Гранд“ и да започне нов бизнис, пишуваат српските медиуми.
Имено, како што се пишува, тој наводно започнал бизнис за недвижности со неговата колеша која во последно време се занимава со уредување на станови.
-Сите се надеваа дека Сале конечно ќе се посвети на себе и семејството бидејќи работеше со децении. Но, изгледа Сузана џабе се радуваше дека следната година заедно ќе го шетаат светот. Изгледа тој не може без работа. Човекот е научен да работи, вели извор за „Свет“ и додава:
-Гради некоја зграда на Бежаниска коса, не знам колку станови ќе има, а и Вики со нејзината фирма која е вклучена со уредување на станови ќе се вклучи во неговата приказна. Таа неодамна доби дозвола и за продажба на недвижности. Нема да започнат нешто ако не знаат дека ќе имаат корист. Посебно таму каде цената на квадратот е 2 000 евра, а може и повеќе“, вели извор и додава дека Брена не е вклучена во овој бизнис.
Инаку, неодамна Поповиќ откри дека можеби следната сезона ќе ги напушти „Ѕвездите на Гранд“; односно нема да биде во жирито, но дека ќе биде дел од организацијата.
Саша не се огласи по повод овие пишувања.
фото: србија денес/антонио ахел/ата имагес/инстаграм/принтскрин/гранд телевизија/рајко ристиќ