Анѓела Прпиќ важи за некој кој нема влакна на јазикот, а сега призна дека уживала додека ги снимала голите сцени во филмот „Једини излаз“.
Познатата актерка во овој филм ја игра главната улога Ана Колар, а нејзините секси сцени под туш го привлекоа вниманието на јавноста, посебно на машката популација.
„Уживав снимајќи секој ден. Кога станува збор за голите сцени, возбудлив е фактот дека морате да дадете се себе затоа што тоа што ќе го забележи камерата останува засекогаш“, изјави Прпиќ.
Актерката истакна дека е професионалец и дека внимателно бира која улога ќе ја прифати.
-Мислам дека е апсолутно оправдано што снимив сцена под туш. Секогаш ќе се соблекувам за добра улога“, изјави актерката.
фото: принтскрин/ата имагес