По два круга жешка акција, Маја Маринковиќ и Филип Цар заминаа во Белата куќа да се истушираат и да се подготват за емисијата „Прашања на гледачите“.
Дамите имаат предност, па Маја прва влезе под тушот. За време на нејзиното туширање, Филип влезе во тоалетот и целосно се шокираше кога виде дека Маја ттално ја „изгнасила“ тушо кабината. Тој остана шокиран од нејзината нехигиена и состојбата која ја затекна, од која на Цар му се „превртеа цревата“ па и го кажа следното:
„Не го очекував ова од тебе. Сега би те убил“ – и рекол Цар.
„Добро, камерата ќе сними“ – врескаше Маја.
„Никогаш не би рекол дека ќе го направиш ова“ – и дофрли Филип, па изненаден, изнервиран и згрозен ги напушти бањата и тоалетот.