Далила и Дејан Драгојевиќ гостуваа кај Огњен Амиџиќ во неговото „Ами Џи шоу“, па својата интима почнаа да ја изнесуваат на виделина!
Веднаш штом започна шоуто, тие почнаа да се расправаат.
„Сето ова е лага што таа го вели. Лежеше до мене, а плачеше поради Филип. Немаше проблеми во бракот, туку имаше проблем со себе. Сега кога ќе си вратам некои сцени, сфаќам дека сакаше да се ослободи од мене. Со години се претставуваше како личност која не е“ – ја нападна Дејан својата бивша сопруга.
„Сакав да влезам во Задруга со него за да заработиме и да си го разубавиме животот, а тој си зема право да ме навредува, и да ме спушта многу ниско“ – возврати Далила, а потоа се одново скараа со Дејан, кој продолжи да ја навредува, полн со инспирација!
Далила посака некој производ за избелување на забите кој е спонзориран во шоуто, а Дејан веднаш ја нападна.
Тој сметаше дека Далила има комплекси поради физичкиот изглед на Маја Маринковиќ, па затоа го побарала производот.
„Не ти пожолтеа тебе забите од животот, туку и ги виде белите заби на Маја. Маја блеска како Лас Вегас, а ти изгасната како Бујановац“ – и рекол Дејан на Далила, по што сите во студиото се изнасмеале.
Фото: Јутјуб принтскрин/Ами Џи шоу