Светската тениска организација ja објави листата од заработката на тенисерите на турнирите во 2021 година, а меѓу нив се наоѓа и Новак Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер од турнирските награди заработил нешто повеќе од 9 милиони долари ( 9 100 546 ) и се најде на првото место.
Од оваа сума нешто повеќе од 9.000.000 заработил во сингл, а 31.322 долари во дубл. Далеку зад него се Данил Медведев (7.481.271) и Александар Зверев (6.420.344).
Според податоците на АТП, оваа година границата од 1.000.000 долари ја надминале 37 тенисери.
Од нив само Пјер-Иго Ебер, повеќе пари заработил во дубл (619.550) него во сингл (449.421).
фото: профимедиа/инстаграм/новак ѓоковиќ