Макрото Михајло Максимовиќ, кој на пошироката јавност и стана познат кога беше уапсен за посредување во проституција, по што беше осуден и ја отслужи казната, напиша книга за елитната проституција.
„Бев макро. Многумина велат дека долги години важев за еден од најпознатите и најуспешните макроа во регионот. Организирав проституција, која не се одвиваше во темни куќи или трошни станови, туку во ексклузивни простори и највисоки општествени кругови. Моите девојки беа најубави, дами со стил, со префинети манири. За да поминат еден час, ноќ или викенд со нив, политичари, бизнисмени, спортисти и други познати и непознати успешни мажи ми плаќаа значителни суми на пари“ – ја започнува својата приказна Михајло и продолжува:
„Поради работата што ја работев, одговарав пред законот. Во затворот ја напишав оваа книга, ги опишав девојките кои работеа со мене, нивните искуства со клиентите, како и моето искуство со нив.
Секоја буква од оваа книга е автентична. Во овој бизнис, ќе видите и самите, имаше повеќе од доволно неверојатни ситуации кои не можат да се измислат. Уште од првата страница, сигурен сум, ќе ви биде јасно дека оваа книга е жива вистина“ – вели најпознатиот српски макро.
„Работев со анонимни девојки кои заработуваа ненормални пари, како и со познати девојки кои заработуваа пет пати помалку од нив. Познатата девојка не може да оди на секој состанок, има проблем со дискрецијата и затоа си ги стеснува можностите од 100 отсто на некои 15 отсто и работи со голем страв и грчеви. Ќе протече ли информацијата, дали некој ќе ја слика, ќе ја сними“ – тврди Михајло и нагласува дека не бил за тоа неговите девојки да одат во реални шоуа.
„Спортистите често ме прашуваа за Ана Кораќ и Маја Маринковиќ. Покрај старлетите, имаше и актерки, пејачки, јавни личности кои на прв поглед изгледаат добро… Имаше девојки за кои никогаш не би рекле дека биле вклучени во тимот. Имаше девојки од сите професии. Од обични до јавни професии.
Некои девојки ги дефинирав како надворешни соработници. Имавме редовен тим, девојки кои постојано беа во друштвто. Соработував и со оние други девојки и во тој круг имаше многу јавни личности. Тоа се девојки кои само понекогаш одат на состанок, бидејќи јавните личности не можат да си дозволат да се видат со секого. Тие се гледаат само со одредени луѓе, тоа е многу мал број на луѓе кои им одговараат“ – ги потенцира деталите бившиот макро, кој целата своја дејност и годините, како илќностите со кои работел ги опишал во тукушто издадената книга за елитната проституција во Србија и на Балканот, насловена со провокативен наслов: „Многуте лица на Марија Магдалена“.