Кумановката Ивона Јовановиќ јавноста ја памети по нејзиното учество во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Ивона освои со своите вокални способности, но често добиваше критики за вишокот на килограми.
По испаѓањето од музичкото шоу, Јовановиќ истакна дека продукцијата не го прифатила нејзиниот изглед и дека нема да се врати во „Ѕвездите на Гранд“.
Меѓутоа, неодамна односно пред три месеци Ивона направи скратување на желудникот во Турција и сега води здрав начин на исхрана и физичка активност.
Кумановката често на социјалните мрежи знае да објави по некоја фотографија на која ја покажува својата нова линија, а со тоа и да ги мотивира нејзините следбеници кои сакаат да се ослободат од вишокот на килограми.
Овој пат, откри колку килограми изгубила за 3 месеци. Имено, Македонката на својот „Инстаграм“ објави видео од некогаш и сега односно како изгледала со вишокот на килограми и како изгледа 3 месеци по постоперативниот период.
Таа откри дека изгубила 37 килограми по операцијата за скратување на желудникот.
View this post on Instagram
Нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари, односно најчесто ставија емотикон со аплауз.
фото: инстаграм/ивона јовановиќ